-->
-->
ФЕД куп: Барти го израмни резултатот во дуелот со Франција
-->
По првите два меча во синг нерешен е резултатот во финалето на Фед купот помеѓу Австралија и Франција.
Најдобрата тенисерка во светот Ешли Барти го израмни резултатот откако за само 56 минути ја декласираше Каролин Гарсија со 6/0, 6/0.
„Веројатно ова беше најдобриот меч што сум го одиграла во кариерата. Не можев да посакам посовршен меч“, рекла Барти.
Претходно првиот поен за Франција го освои Кристина Младеновиќ. Слично како Барти и таа беше убедлива против Аља Томљановиќ (6/1, 6/1).
Вториот ден на програмата се два меча во синг и пресметката во двојки.
Франција последната титула во Фед купот ја освоила во 2003 година, додека Австралија се бори за првиот трофеј уште од далечната 1974 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи