ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција

Американското истражно биро (ФБИ) им наредило на своите агенти да го зголемат времето посветено на случаите поврзани со илегалните имигранти и да ги намалат истрагите за т.н криминал на „бели јаки“.
На повеќе состаноци, агентите биле известени дека ќе треба да посветат околу една третина од своето време за помош на администрацијата на Доналд Трамп во справувањето со илегалната имиграција. Им било речено дека истрагите поврзани со криминалот на „белите јаки“ ќе бидат намалени приоритетно барем до крајот на 2025 година, изјавија анонимни извори. Така наречениот криминал на „бели јаки“ е термин што го опишува криминалното однесување на луѓе со висок социјален и професионален статус, кои ги злоупотребуваат својата служба, авторитет или позиција во економски или институционален контекст.
Портпаролката на ФБИ не даде коментар во врска со новата директива.
Традиционално, спроведувањето на имиграциските закони не било главна надлежност на Министерството за правда. Сепак, со зголемените мерки на администрацијата на Трамп против имиграцијата, илјадници федерални службеници од различни агенции почнале да работат како имиграциски органи, одземајќи ресурси од други области на криминалистичките истраги.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
