Loading Video...
Спорт плус
26. January 2020 - 14:45

Фаворитките без проблеми до четвртфиналето

Топ фаворитката и прва носителка кај дамите на Австралија Опен,  Ешли Барти иако го загуби првиот сет во мечот со Американката, Риске, сепак успеа да се пласира во четвртфиналето, добивајќи го вториот со 6-1, односно третиот сет со 6-4. 
 
Противничка на Австралијката во четвртфиналето ќе биде 7.носителка Петра Квитова која исто така одигра три сета, во дуелот со Сакари од Грција. 
 
Тинејџерката Коко Гуф немаше сили за ново изненадување. 18-годиншата Американкана која на патот до осминафиналето ги елиминира Венус Вилијамс и Наоми Осака беше сопрена во три сета од сонародничката Софија Кенин која пак во четвртфиналето за противничка ќе ја има Турчинката, Онс Џабер која со 2:0 ја победи Ванг од Кина.