Фатени двајца крадци кои извршиле 13 кражби во Штип

Три кривични пријави се поднесени против двајца штипјани на возраст од 25 и 26 години кои во период три месеци извршиле 13 тешки кражби на подрачјето на општина Штип при што направиле штета од 940.000 денари, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова на денешнта прес-конференција.
- Пријавените на подрачјето на Полициската станица –Штип со намера да се стекнат со против правна-имотна корист извршиле 13 кривични дела. При што, со употреба на сила и погоден алат насилно отварале врати и прозорци и влегувале во продавници, фабрики и јавни претпријатија, од каде одзеле разновидни предмети, како водомери, кабли, алуминиумски радијатори, репро материјали, делови од патнички моторни возила, машинско масло, циграи со што причиниле материјална штета од околу 940.000 денари, рече Панајотова.
Таа истакна дека сторителите на овие тешки кражби се познати од претходно на полицијата, а кривичните пријави се доставени до Основното јавно обвинителство во Штип.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
