-->
-->
Фатен на дело - приведен криминалец од Скопје
-->

СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето В.Л. (55) од Скопје осомничен дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.
МВР денеска соопшти дека од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.
Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист од продажба на недвижен имот, набавил лажна службена исправа-пресуда од Основен суд Скопје 2 Скопје донесена на 22.09.2014 година, а правосилна на 25.09.2014 година. Потоа потврдата ја употребил во Агенција за катастар на недвижности, приложувајќи ја кон Пријава за отстранување на техничка грешка во катастар на недвижности. Врз основа на таа лажна пресуда службени лица во Агенција за катастар на недвижности извршиле запишување на промена во катастарот на недвижности во КО Нерези, кое се состои од недвижен имот-земјиште на две катастарски парцели едната со површина од 2509 м2 и втората со површина од 2208 м2, од сопственост на Република Македонија во приватна сопственост на пријавениот В.Л.
После ова пријавениот, со намера да го прикрие вистинскиот носител на сопственоста, на ден 15.01.2015 година преку адвокат-полномошник склучил Преддоговор за купопродажба на недвижен имот (гореспоменатото земјиште) за износ од 50.000 евра или во денарска противредност од 3.075.000.00 денари, каде како продавач е пријавениот, а како купувач е лицето О.Д. кој пак согласно преддоговорот на 15.01.2015 година уплатил на трансакционата сметка на сопругата на пријавениот капар односно аванс-паричен износ од 460.000 денари, а потоа уште во два наврати на 11.03. и 21.04 годинава на истата трансакциска сметка од страна на купувачот биле префрлени 462.000 денари и 861.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
