Македонија
16. September 2022 - 10:21

Фатен малолетник во обид да ограби продавница, кај него пронајдени и други украдени предмети

Вчера околу 16.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Битола.

- Тој бил затекнат при обид да одземе пари од каса на продажен објект. Парите му биле одземени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.