Фармерите се жалат на нелојална конкуренција
Одгледувачите на свињи се жалат дека се изиграни од страна на некои месопреработувачи. Имено, тие го поздравуваат зголемувањето на нивното производство и извозот на месни производи, меѓутоа велат дека ним им ветиле дека ќе увезуваат девизи, а не свежо свинско месо.
- Нас навистина тоа не погодува. Придонесува да ни се намали цената и да ни се намали производството. Ние заради одржување на континуитетот на производството мора да ги намалиме цените. Имаме најниски цени во последните 3-4 години на свинското месо-изјави ЕФТИМ ШАКЛЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ НА Р.М.
Недозволиво е , додава Шаклев, некои да прават профит на сметка на другите. Затоа пред да им биде продолжен без царинскиот увоз на суровини на месопреработувачката индустрија за дополнителни 6 месеци, тие бараат од Владата да нема компензацја за свежо свинско месо, да се зајакнат инспекциските контроли во малопродажба да се види дали месото било претходно замрзнато, а во угостителските објекти да се декларира какво месо се нуди на потрошувачите.
- Друга работа што ја бараме е во малопродажните објекти да биде физички одделено увозното месо од нашето македонско месо. Така ќе им олесниме и на потрошувачите, да знаат што купуваат, а ќе биде подобро и за нас производителите-изјави Шаклев
Цената на килограм свинско свежо домашно месо е 300 денари, а на замрзнатото е 150 денари. Тоа, според Шаклев, на трговците и угостителите им прави огромна заработувачка, на сметка на фармерите кои едвај успеваат да врзат крај со крај.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар