Живот
21. December 2015 - 15:19

Фантазии и табу: Ова се седум најбизарни секс приказни од антиката

Древните Грци, Римјани и Египќани имале сексуални склоности и еротски обичаи кои и денеска ја разбудуваат фантазијата, а може да се каже и дека претставуваат табу тема. Од оргии, преку проституција, до геј односи - ова се најбизарните секс приказни од античко време.

1. Најдивијантен владетел

Нерон? Калигула? Не. Римскиот  цар Тибериј, наследник на Август Цезар, бил убедливо најперверзниот владетел на декадентното царство. Според биографот Светониј, Тибериј за себе направил „еротски штаб“ на островот Капри каде донесувал млади момчиња кои изведувале сложени секуални перформанси во кои царот понекогаш, кога ќе се уморел од гледање, и самиот учествувал. Перверзниот цар ги обучувал момчињата да го задоволуваат под вода додека престојувал во својата бања. Дури и ги нарекувал „свои мали рипчиња“, наведуваат историчарите.

Wikipedia, Ostaci Tiberijeve vile na ostrvu Kapri

2. Движечки матки
Древните народи биле рпилично опуштени по повод голотијата, а голата човечка фигура е обожувана како божество. Грците посебно се восхитувале на задникот - машки и женски. Сепак кога душата го напуштала телото, античките луѓе се плашеле да им пријадат. Причина? Слбото познавање на човечката анатомија предизвикало уверување дека женската матка „шета по телото“ по смртта поради што станвуа избор на болести.
 
3.Чудна улога на бакнувањето
Бакнувањето на јавни места е сметано за многу непристојно како кај Грците, така и кај Римјаните. Познато е дека жените секогаш ги бакнувале мажите на влез во домот, но не само поради наклонетост, туку за да видат дали нивниот партнер тој ден пиел вино. Популарноста на бакнувањето посебно опаднала откако навиките на шпанските Римјани прошириле на целото царство, односно кога миењето заби со урина станало општа пракса.
Wikipedia, Erotske freske u Pompeji

4. Еротска салата

За да го одржат своето либидо, повозрасните мажи обрнувале многу внимание на исхраната. Грците верувале дека зелата салата лошо влијае на ерекцијата, додека Египќаните мислеле дека го подобрува оргазмот. Римјаните биле специфични - како афродизијак користел различни билки и едни се од првите кои почнале да користат масло како „помагало“ при сексуалниот чин

5. Гладијатори - старлети од древно време

Во древниот Рим, нешто повеќе од половина од населението биле робови, а гладијаторите во рамки на таа група биле своевидни ѕвезди. Овие древни борци -забавувачи ги следеле и девојки за забава, а нивните сексуални услуги не биле непознати ниту за аристократијата за што сведочат и бројни графити пронајдени ширум територијата на царството.

Позната е приказната за Фаустина, сопруга на Марк Аврелиј, која развила наклонетост кон еден гладијатор. Кога царот ја видел таа склоност на својата жена, и наредил да има секс со тој гладијатор и во текот на чинот, додека тој бил „горе“, убиен е така што искрварел врз неа.

Фаустина мроала да го пушти ритуално да искрвари, да ја исчисти крвта, а потоа да води љубов со својот маж

.Wikipedia, Starogrčka erotska umetnost na grnčariji

6. Анален секс
Бидејќи немало контрацептивни средства, аналниот секс бил многу популарен во античко време. Освен како задоволство, користен е и како казна. Имено, ако се докажела прељуба, повредената страна имала право на тој начин практично да го злоставува прекршителот.
 

7. Полисексуалност

Љубовните триаголнции и „отворените врски“ биле вообичаени во древно време. Римскиот цар Адријан бил познат по својата љубов со тинејџерот Антинос кој по неговото исчезнување го деификувал, обожувал како бог. Денеска музеите се полни со статуи на ова момче, најчесто претставени како идеал на убавина. Сопругата на Адријан, Сабина занела за „аферите“ на својот сопруг а и самата ја користела предноста на полисексуалноста.