Факултетска диплома и на постари години
Факултетска диплома и на постари години. Министерството за образование го објави кокурсот за упис на високообаразовните институции за жени над 30 и мажи над 35 години. Се нудат 44 студиски програми на 16 факултети а место има за 670 возрасни студенти. Условот е тие да се вработени на неопределено или 5 години активно да бараат работа. По 6 години од спроевдувањето на проектот , можноста ја искористиле 1500 лица. Најголем дел од нив се интересирале за изучување на техничките науки како и медицината.
Тонски-Спиро Ристовски-заменик министер за образование-најголем интерес за студирање на возрасните лица има во Тетово и Скопје, токму затоа и на овие дбжва универзитети има најмногу слободни места, 315 на теовскиот и 230 на УКИМ...
Во меѓувреме, министерството за образование ќе ја разгледа иницијатаивата за одложување на стартот на учебната година за 15 септември. Заменик министерот вели дека за предлогот на хотелиерите потреба е подетална анализа, координација и консултација со повеќе субјекти. Но одлуката која ќе се донесе мора да биде во интерес на учениците.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
