Факултетот за безбедност-Скопје ќе соработува со Агенцијата за разузнавање

Меморандум за соработка која предвидува поголема интеракција на безбедносните институции и академската заедница денеска ќе потпишат директорот на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија Зоран Иванов и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје Никола Дујовски.
Факултетот и Агенцијата, меѓусебно ќе соработуваат и заемно ќе пружаат поддршка со цел размена на искуства, знаења, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали.
Основа на соработка е потреба од поголема интеракција на безбедносните институции и академската заедница, посебно делот кој образува кадри во областа на безбедноста и третира безбеднсни прашања од научно-истражувачки аспект. Воедно исполнување на законските норми кои бараат зголемена практична настава во образовните институции и тенденцијата на отворање на безбедносно-разузнавачките служби кон јавноста и во тие рамки кон академската заедница.
Во рамки на соработката, директорот на Агенцијата Иванов, на факултетот за безбедност ќе одржи предавање на тема „Промените во безбедносното опкружување на Република Македонија и глобалните предизвици и закани”.
Ново на Сител
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
