Фајзер и Бионтек: Вакцината делува против мутациите на коронавирусот
Најновата студија објавена во списанието „Нејчр медисин“ покажа дека вакцината на Бионтек и Фајзер делува и против мутациите на коронавирусот, кои се појавија во Јужна Африка и Велика Британија, соопштија денеска двете компании.
– Студијата објавена во списанието „Нејчр Медисин“ покажува дека вакцината Бионтек /Фајзер ги неутрализира новите мутации на коронавирусот, се вели во соопштението.
Истражувањата на Фајзер кон крајот на јануари, кои ги спроведе институт во Тексас, покажаа дека вакцината делува против мутации, а сега списанието „Нејчр Медисинс“ објави истражувања на надворешни лаборатории, што ја потврдува ефективноста на вакцината против мутациите.
Според списанието, сега се потребни уште клинички испитувања за да се соберат дополнителни сознанија за ефективноста на вакцината на Фајзер и Бионтек против нови мутации на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор