-->
-->
Ф-1: Хамилтон без конкуренција во Монца
-->
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на 12-та трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Италија. Актуелниот светски првак на легендарната патека во Монца до 40-та победа во кариерата стигна со време од 1:18:00.688 часа.
Големата награда на Италија мина во целосна доминација на Британецот, кој стартуваше од пол позицијата, во првиот свиок го одби нападот на Фетел и потоа до крајот возеше соло трка.
Фетел во финишот влезе како втор со 25 секунди послабо време од Хамилтон, а третото место го освои Фелипе Маса од Вилијамс.
Трагичар на Големата награда на Италија е Нико Розберг, кој во моментот кога беше на третото место се откажа од трката поради проблемот со моторот.
Лоша трка имаше и Кими Раиконен, Финецот беше втор на стартот, но неговиот болид воопшто не тргна и практично трката ја започна од последната позиција. Раиконен на крајот стигна до петтото место, пред него беше возачот на Вилијамс Валтери Ботас.
Бодови во Монца освоија уште Серхио Перез и Нико Хилкенберг (Форс Индија), Даниел Рикардо (Ред Бул), Маркус Ериксен (Заубер) и Данил Квјат (Ред Бул).
По 12 трки Хамилтон ја зголеми предноста во генералниот пласман, тој сега има 252 бода, 53 повеќе од Розберг.
Наредната трка ќе се вози на 20. септември во Сингапур.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација