Еврото и фунтата на најниско ниво во однос на јенот од 2013 година

Еврото и британската фунта денеска паднаа на најниско ниво споредено со јапонскиот јен од 2013 година, јавија медиумите во Токио.
Според аналитичарите, причина за ваквиот пад на вредноста на двете европски валути се должи на вознемиреноста на инвеститорите поради можноста на претстојниот референдум Британците да се изјаснат за излез на Велика Британија од ЕУ.
Еврото денеска на Берзата во Токио се менува за 119,87 јуни, што е негова најниска вредност од април 2013 година.
Во исто време, британската фунта се менува за 151,50 јени што е најниска вредноста на стерлингот во однос на јапонската валута од август 2013 година.
Покрај во однос на јенот, британската фунта падна на најниско ниво во последниве осум месеци и во однос на американскиот долар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
