Евростат: Катастрофален пад на авиосообраќајот во ЕУ и Македонија
Пандемијата на коронавирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година. Според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година.
На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99 проценти.
Шпанија е најпогодена земја со 61,6 милиони патници помалку во вториот квартал од оваа година отколку во истиот период лани.
Според бројките следат Германија со 59,1 милиони, Франција со 44,2 и Италија со 42,6 милиони помалку патници во авионите.
Анализата на Евростат опфати и две земји од Западниот Балкан – Македонија, која држи неславен рекорд – со 2.738 патници во вториот квартал годинава за разлика од лани кога се превезени 602.715 патници, што е пад од околу 600.000, а што се толкува како пад од дури 100 отсто и Србија, каде што бројот на патници се намали за околу милион и пол, што е за 94 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата