Европското јавно обвинителство покрена истрага против обвинителката Георгиева
Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна, соопшти оваа тело на ЕУ со седиште во Луксембург.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европската главна обвинителка Лаура Ковеши веќе ги информирала институциите на ЕУ дека против Георгиева, кој по потекло е од Бугарија, е покрената „истрага без преседан“ за утврдување дали таа го почитувала „целиот спектар на внатрешни мерки за заштита на интегритетот“ на постапките на Обвинителството.
– Независноста на сите наши обвинители е една од основните вредности на ЕППО, што е од суштинско значење за извршување на нашата мисија, се наведува во соопштението на Европското јавно обвинителство, без да се наведат дополнителни детали за истрагата.
Според медиумските извештаи, постапката против Георгиева е покрената откако таа решила да се повлече од истрагата за сомнежите за потенцијална корупција и изнуда при реализацијата на проектот за обнова на најголемото складиште за гас на Балканот во местото Чирен во северозападна Бугарија.
Истрагата за обновата на складиштето во Чирен започна во август 2024 година, откако Европското јавно обвинителство доби информации од „свиркачи“ за неправилности при реализација на проектот и потенцијален ризик по објектот. Врз основа на овие информации европските обвинители извршија претреси во бугарската државна енергетска компанија „Булгартрансгаз“.
За обновата на складиштето во Чирен беа издвоени 78 милиони евра од Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (ЦИНЕА).
Георгиева изјави дека се повлекла од истрагата за Чирен затоа што „се чувствувала загрозена“ од бугарскиот пратеник, олигарх и лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), Дељан Пеевски.
Пеевски, кон кого САД и Велика Британија имаат воведено санкции поради сомнежи за вмешаност во корупција, ги отфрли наводите на Георгиева.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје