-->
-->
Европските разузнавачки агенции поставиле систем за предупредување од тероризам
-->
Десетици разузнавачки агенции во „Контра разузнавачката група“ (ЦТГ) во Хаг поставиле „Интерактивен оперативен систем што функционира во реално време“ кој што се однесува на „проблематични џихадисти“ се вели до документ подготвен од страна на германското Федерално министерство за внатрешни работи, објавува „ЕУ Обсервер“.
Според онлајн магазинот со седиште во Брисел европските разузнавачки агенции со овој „Платформа за размена на податоци“ се обидуваат да одговорат на заканите кои што дојдоа по мигрантскат криза и терористичките напади во Париз и Брисел како и опасноста од радикални исламски повратници од фронтовите во Сирија и Ирак, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
ЦТГ која што е формирана во 2002 годинна и вклучува 30 разузнвачки агенции од Европа во јули оваа година ја започнала оперативната програма која што работи 24 часа на ден 365 дена во годината а која што има за цел во реално време да ги надгледува сите потенцијални извршители на терористички активности и да предупредува.
Како системот доаѓа до податоци на можните извршители и како ги зачувува зсега нема информации ниту пак досега е објавена анализа за можните прекршувања на основните човекови права и контролата на прибавување на лични податоци.
Во функционирањето на платформата засега учествуаат 23 разузнавачки агенции а Германија е претставена со еден офицер од својата домашна разузнавачка агенција БФВ.
Со функционирањето на платформата ќе се спречи еден од најгоемите хендикепи на внатрешната безбедност на ЕУ, недостатокот на координација и размена на податоци меѓу различни држави кој што беше евидентиран по нападите во Париз и Брисел.
Германската влада има информации само за две третини од нејзините граѓани кои што заминале во Сирија и Ирак. Од нив една третина има криминално досие. Слична е состојбата во Франција и Холандија, пишува ЕУ Обсервер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци