Европскиот суперкуп за Атлетико
Атлетико Мадрид до вечерва никогаш ги немаше победено Реал Мадрид во еден европски натпревар, но „врати со камата“ стигнувајќи до 4:2 победа во Суперкупот на УЕФА во Талин, Естонија за да покаже колку голем предизвик го има „новиот“ изглед на кралскиот куп.
Саул со прекрасен гол во 98. минута од мечот го навести триумфот на „јорганџиите“, пред Коке во 104. минута да донесе фантастична победа за тимот на Диего Симеоне, кој поради суспензијата мораше од трибини да го следи мечот.
Ако за Атлетико ова е крунисување на „растот“ на тимот, за Реал Мадрид е лош почеток на „новата ера“ на „Лос бланкос“. Славната вечер во Киев во мај им донесе трета европска круна, но оттогаш тие ги загубија двајцата „најзаслужни“ – тренерот Зинедин Зидан и секако, Кристијано Роналдо. Хулен Лопетеги иако изјавуваше дека е „презадоволен“ со тимот кој го има, ова ќе биде мотив повеќе Реал да се засили до крајот на преодниот рок.
Трилер мечот започна навистина неверојатно, откако Диего Коста „удри“ по само 49 секунди, постигнувајќи го најбрзиот гол во историјата на европскиот Куп, и тоа поминувајќи ги Рафаел Варан и Серхио Рамос за да го матира и Кејлор Навас.
Реал бргу се „регрупираше“ и на полувреме отиде со 1:1, откако Карим Бензема немаше тешка задача да ја протне топката во голот по одличната акгција на Герет Бејл. Трофејот беше на дофат на „Лос бланкос“, кога Серхио Рамос смирено од белата точка донесе 2:1 водство за актуелните европски шампиони, но Коста повторно врати, овојпат на 10 минути пред крајот за да ја задржи надежта на „јорганџиите“.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите