Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“
Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл.
Тужбата ја поднесе „Њујорк Тајмс“ и нивната новинарка Матина Стивис-Гриднеф, тврдејќи дека Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност откако одби да ги предаде пораките по поднесеното барање.
Според „Њујорк Тајмс“, личниот контакт меѓу Фон дер Лајен и Бурл бил клучен за постигнување договор за милијарди евра за набавка на вакцини против Ковид-19 на врвот на пандемијата.
Во пролетта 2021 година, Комисијата, во име на 27-те земји членки на ЕУ, склучи договор за до 1,8 милијарди дози вакцини во вредност до 35 милијарди евра.
Тужителите побараа пристап до сите пораки разменети меѓу Фон дер Лајен и Бурл во периодот од 1 јануари 2021 до 11 мај 2022 година, но барањето беше одбиено со образложение дека „такви документи не постојат“.
Начинот на кој Комисијата ги ракуваше договорите за набавка на вакцини беше критикуван, а во 2022 година Европскиот омбудсман остро ја осуди реакцијата на Комисијата на барањата за пристап до пораките.
Европското јавно обвинителство, исто така, истражува како биле купувани вакцините против коронавирусот во ЕУ.
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО