Фудбал
8. јуни 2016 - 8:11

Европскиот шампион поразен на последната контрола

Репрезентацијата на Шпанија актуелен европски шампион и еден од фаворитите за висок пласман на претстојното Европско првенство претрпе пораз на последниот контролен натпревар пред шампионатот. Во Мадрид „црвената фурија“ загуби од Грузија со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Торнике Окриашвили во 40.минута.
Шпанија на ЕУРО 2016 се наоѓа во групата Д заедно со селекциите на Хрватска, Чешка и Турција. Првиот натпревар Шпанците го играат во понеделник на 13.јуни против Чешка.
Вечерва пријателски натпревар играат Португалија и Естонија.