-->
-->
Европскиот првак Вардар убедлив на гостувањето кај Охрид
-->
Ракометарите на европскиот првак Вардар со победа на гостувањето во Охрид против истоимената домашна екипа ја почнаа одбраната на титулата во домашното првенство. Синоќа во дуелот од 1.коло од плеј офот Вардар го совлада Охрид со 27:14, пред преполнетите трибини во СЦ „Билјанини извори“ - 2.500 гледачи.
Во градското дерби на Битола Еурофарм Работник беше поуспешен од Пелистер со 22:15.
Во петокот Металург беше поуспешен од Пролет и оставри триумф од 35:26.
Во плеј аут лигата се одиграа два дуела од стартното коло: Борец - Прилеп 37:30 и Радовиш - Вардар 31:25. Слободна беше екипата на Металург 2.
Табела: Радовиш 23 бодови, Борец 12, Металург 2 10, Прилеп 10, Вардар Јуниор 9. (се пресметуваат и меѓусебните дуели од првиот дел од првенството).
фото: www.ohridnews.com
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
