Европскиот првак Вардар денеска во Скопје

Европските шампиони, ракометарите на Вардар, по историскиот успех во неделата и освонета титула на завршниот турнир во Келн, денес се враќаат во Скопје.
Пречекот на новите херои на нацијата ќе биде организиран на плоштадот „Македонија“.
Ракометарите со редовна линија на „Виз Ер“ полетаа од Дротмунд, а се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот од каде што ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев, зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму шампионите ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.
Ново на Сител
-

МНР препорачува да не се патува во Мексико по убиството на наркобосот Ел Менчо
-

МОН на јавна дебата во УКИМ за законот за високо образование
-

Соработка на „Макпетрол“ и МОН - нов прирачник против врсничко насилство за училиштата
-

Кириите за станови растат – каде е најевтино, а каде најскапо?
-

9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
