Европскиот парламент изгласа резолуција за укинување на патентите на вакцините против Ковид-19

Со цел да се забрза распоредувањето на вакцините на глобално ниво, Европскиот парламентот повикува на привремено укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцините против КОВИД-19.
Во резолуцијата усвоена денес со 355 гласа „за“, 263 „против“ и 71 воздржано, европратениците предлагаат да се започнат преговори за привремено укинување на договорот АДПИЦ на СТО за патенти со цел да се подобри глобалниот пристап до достапните медицински производи поврзани со КОВИД-19 и решавање на прашањето за глобалните ограничувања на производството, како и недостигот на снабдување.
Доброволни лиценци (кога производителот на вакцина одлучува кому и под кои услови може да се додели патентот за да се дозволи неговото производство) и трансферот на знаење и технологија во земјите со капацитети за производство на вакцини се патот кој води напред за зајакнување и забрзување на глобалното производство на долг рок.
За решавање на тесните грла на производството, европратениците ја повикуваат ЕУ „брзо да ги отстрани пречките за извоз и да го замени сопствениот механизам за одобрување на извозот со барањата за транспарентност за извозот“. Соединетите американски држави и Велика Британија треба според ЕП„веднаш да ја прекинат забраната за извоз на вакцини и суровини“,. Потребни се 11 милијарди дози за да се имунизира 70% од светската популација, а досега е произведен само дел од таа количина.
Додека огромното мнозинство од веќе администрираните дози на вакцини (1,6 милијарди) се дадени на индустриски развиените земји-произведувачи на вакцини и само 0,3 отсто се испратени во 29-те најсиромашни земји, ЕУ мора да го поддржи производството во Африка, велат европратениците. Друга суштинска алатка за доставување вакцини во економиите со ниски примања е Глобалниот механизам за испорака на вакцини (КОВАКС), за кој ЕП охрабрува да се придонесува.
Парламентот бара идните договори за предвремена набавка да бидат објавени, особено за вакцините од следната генерација и овие договори да вклучуваат барања за транспарентност за добавувачите.
Инаку, секоја одлука за укинување на правата на интелектуална сопственост ќе треба да ја донесе Советот Тна АДПИЦ на СТО, кој имаше состанок на 8 и 9 јуни со Комисијата, која го претстави европскиот предлог не вклучувајќи укинување на патентите. За време на дебатата што претходеше на усвојувањето на резолуцијата, неколку политички групи повикаа на укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцините поврзани со КОВИД-19.
Ново на Сител
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
