Европскиот парламент го одобри буџетот на ЕУ за 2020 година

Европскиот парламент го одобри буџетот од 168,7 милијарди евра на Европска Унија за 2020 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Буџетот за 2020 година е поголем за 12,5 проценти во споредба со 2019 година бидејќи повеќе средства се наменети за борба против климатските промени, за научни истражување и програмата Еразмус.
Буџетот беше изгласан со 543 гласови „за“ и 136 „против“. За финалната верзија на буџетот се водеа тешки преговори, во кои ЕП на 18 ноември успеа да добие зголемување од 850 милиони евра за предлогот од Европска комисија, за финансирање на борбата против климатските промени, дигитализацијата и програмата Еразмус плус за младите.
Буџетот за 2020 година предвидува ангажирање на кредити за идните трошоци на ЕУ во износ од 168,7 милијарди евр, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со 2019 година. Исплаќањето во текот на годишниот период се зголеми за 3,4 проценти на 153,6 милијарди евра.
Тоа е последен годишен буџет пред повеќегодишниот буџет за периодот 2021-2027, за кој се водат дискусии.
Ново на Сител
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
