-->
-->
Европската погранична стража ќе се справува со мигрантите и во Македонија и Србија
-->
Република Македонија и Србија се избрани како единствени „трети земји“ од страна на Европската унија каде Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража ќе може да врши операции на нивна територија во спречување на нелегалната миграција и враќање на мигрантите, јави дописникот на МИА од Брисел.
Европската комисија подготви договор на статус за приоритетна оперативна соработка со трети земји, па според новиот мандат, се дозволува на Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража да врши операции на територијата на соседните трети земји, во согласност со претходен договор.
Договорот за овој статус-модел беше усвоен од страна на Еврокомисијата во ноември 2016 година, па Комисијата предводена од Жан-Клод Јункер ги избра Македонија и Србија како приоритетни од државите што не се ЕУ-членки и побара денеска од Европскиот совет да одобри отворање преговори со македонските и српските власти за добивање дозвола за изведување операции на тимовите на оваа Агенција против мигрантскиот наплив.
Инаку, Европската комисија ја забрза акцијата за да се постигне се што е потребно за создавање на новата Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража и тие наскоро да бидат целосно оперативни. Три месеци по покренувањето на Агенцијата, важни чекори се веќе завршени, вклучувајќи задолжителна мобилизација на граничари кои се подготвени и опремени за брза реакција, како и создавање тимови за интервентно враќање на мигрантите. Тие можат да бидат распоредени во поддршка на земјите-членки кои имаат примарна улога и надлежност за зајакнување на контролата на надворешните граници.
Во моментов, Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража има повеќе од 1.550 полицајци распоредени во поддршка на земјите-членки на нивните надворешни граници, како надополнување на постоечките национални капацитети на земјите-членки, покрај нивните над 100.000 гранични полицајци. Иако, ова претставува најголемо здружување на ресурсите на земјите-членки досега преземено, постоечките операции на Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража продолжија да се соочуваат со дупки при распоредувањето, а ЕУ-земјите треба да обезбедат овие празнини правилно да се пополнат.
Заедничката инвестиција и ангажман на земјите-членки во обезбедувањето Агенцијата за европска граница и крајбрежна стража да биде целосно оперативна што е можно побрзо, според еврокомесарот за миграциски прашања Димитрис Аврамопулос е практичен израз на посветеноста на земјите-членки да ја делат одговорноста и да покажат солидарност во заеднички интерес, а сите 28 ЕУ-земји се претставени во Управниот одбор на Агенцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕид пронашол 18 парчиња стар експлозив и фитил
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ
-
Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километар на час на место каде е дозволено 50