-->
-->
Европска лига: Шест победи за македонските одбојкари
-->

Македонските одбојкари со шест победи од шест натпревари го освоија првото место во групата А од Европската лига и со максимален учинок го потврдија пласманот на завршниот турнир на 1 и 2.јули во Варна. Македонија како прва, аБугарија како домаќин се пласираа на завршниот турнир.
Македонија вечерва ја победи Бугарија со 3-1 (18:25; 25:21; 25:23; 27:25). Македонија е прва во групата со скор 6-0 (победи-порази), пред Бугарија со 4-2, Данска има 2-4, а Албанија 0-6.
Првиот сет вечерва им припадна на бугарските одбојкари, а потоа Македонија ги доби следните два со одлична игра со што беше исполнет условот да се освојат два сета за првото место во групата. Во овие сетови предводник на нашиот тим беше капитенот Никола Ѓорѓиев.
Во четвртиот сет селекторот Жарко Ристоски им даде шанса и на играчите од клупата, а првата постава остана на клупа. Своите минути ги искористија и најмладите Наков, Николовски и Илиев.
Во вториот дуел од групата Данска ја победи Албанија со 3-0.
Македонските одбојкари до вторник ќе имаат слободни денови, а потоа ќе продолжат подготовките за завршниот турнир и воедно ќе биде познат противникот од другата група каде прва е Естонија, а на второто место е Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
