Европарламентот утре гласа за состојбите во Полска

Европскиот парламент (ЕП) утре ќе гласа предлог кој има за цел да го определи ризикот за нарушување на европските вредности во Полска. За таа цел денеска на пленарна седница европратениците дебатираа на таа тема.
Мнозинството министри за надворешни работи на ЕУ вчера ја поддржаа Европската комисија (ЕК) во нејзината акција против полската влада. Комисијата во декември одлучи да го активира членот 7 од Европската повелба, популарно наречен “нуклеарна опција” и кој треба да и го одземе на Полска правото на глас.
Во историјата на ЕУ оваа долга и комплексна процедура не била применета.
Сите министри го поддржаа вчера потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс, функционерот задолжен за полското досие, освен Унгарија која и ја дава сета поддршка на Варшава.
ЕК е загрижена поради реформите во полскиот судски систем кои се однесуваат на Уставниот суд, Врховниот суд, Националниот совет на судии и другите судови во земјата. Според Комисијата тие реформи ќе го политизираат судството и ќе го ослабнат. Комисијата и даде на Полска рок до 20 март за да донесе амандамни на законите во оваа област.
Одговорот од Полска се уште не пристигнал во Брисел.
Тимерманс денеска изјави дека Полска има право да го реформира своето судство, но тоа мора да биде направено според стандардите на ЕУ.
Комисијата и полската влада отворија дијалог, но според Тимерманс, вистинскиот дијалог мора да донесе резултати:
- Сега имаме нова ситуација и сега имаме дијалог со Полска. Но, дијалогот е корисен само ако донесе резултати. Го чекам одговорот од Полска за да видиме дали има шанса за напредок, рече Тимерманс.
Франција и Германија вчера во заедничка изјава рекоа дека “правната држава е основата на ЕУ и таа ги гарантира нашите вредности и институциите. Ние ја споделуваме загриженоста за судскиот систем во Полска а ситуацијата е проблематична”.
ЕП треба утре да го даде своето зелено светло за да може Советот на министри да утврди дали постои јасен ризик за нарушување на европските вредности.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
