Европа го одбележува Денот на победата и Денот на Европа
Во Европа денеска се одбележува 9 мај како Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, во знак на сеќавање на крајот на Втората светска војна во Европа во 1945 година и почетокот на создавањето на Европската Унија, пет години. подоцна.
Оваа година се навршуваат 78 години од крајот на Втората светска војна и 73 години од покренувањето на иницијативата за создавање на денешната Европска Унија.
Во земјите на ЕУ, Денот на Европа е од особена важност како ден кој означи пресвртница во односите меѓу европските земји и го отвори патот за создавање заедница на држави на тој континент, додека во Русија фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна.
Во Русија, 9 мај се одбележува како Ден на победата над фашизмот со традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва.
Денот на победата над фашизмот се слави на 9 мај за да се одбележи денот во 1945 година кога нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата во Втората светска војна.
Денот на Европа, 9 мај, е востановен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман од 1950 година, што се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ.
Декларацијата беше предлог до поранешните непријатели, Франција и Германија, да основаат организација за заедничко управување со нивните индустрии за јаглен и челик, за никогаш повеќе да не се случи војна во Европа.
Предлогот доведе до создавање на Европската заедница за јаглен и челик во 1951 година, претходник на Европската економска заедница, или денешната ЕУ.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
