Свет
4. July 2015 - 10:54

Европа е исправена пред бегалска трагедија

На 11 јуни, телата на 18 африкански мигранти беа најдени во Сахара. Според Џузепе Лопрете, шеф на мисијата на Меѓународната организација за миграција во Нигер, смртта настапила повеќе од една недела претходно, веројатно од дехидрација. Фатени од песочна бура меѓу Арлит и Алжир, тие се изгубиле, а останатот го завршило недостигот на вода и врелите температури. Неколку дена подоцна, во пустината беа најдени останките на уште 30 мигранти.

Оваа тажна вест не најде место на првите страници на медиумите во Европа: континентот е далеку позафатен од обидите да стави контрола врз растечкиот бран на мигранти кои прстигнуваат на јужните брегови, за да обрне внимание на 48 несреќни Африканци. Тука никој нема да ги види тие тела, ниту пак ќе раскаже за нивните животни истории. Таа конкретна трагедија ќе остане африканска.

Другата трагедија - на стотици илјади луѓе кои тргнале преку Средоземното Море и ги ставиле своите животи во ризик, сега е европска ситуација. И додека таа се одвива пред нашите очи, ние немаме јасна претстава што да правиме.

Не дека не го забележуваме нејзинот пораст. Пред една година, врховниот комесар на ОН за бегалци, објави потресителна статистика: во 2013 година, во светот имало 51,2 милиони раселени луѓе - а тоа е за шест милиони повеќе отколку во 2012 година. Тоа е преседан во истроијата: од крајот на Втората светска војна немало толку многу луѓе кои си ги напуштиле домовите под принуда.

И покрај сето тоа, податоците за 2013 година останаа незабележани. Милиони Сиријци избегале од својата земја растурена од војна, и најдоа прибежипте во Либан, Јордан и во Турција. Семејните животни трагедии и бегалските кампови не го привлекоа нашето внимание и ретко беа присутни на телевизиските екрани.

Извесен број бегалци, а некои од далечните земји како Авганистан, успеаја да стигнат до Европската Унија преку Турција и да влезат во Грција и Бугарија; како одговор на тоа, ние подигнавме ѕидови и ги затворивме границите.

Но во текот на пролетта нештата се сменија. Откако гранците по копно се затворија, бегалците тргнаа по море. Зафатена од бегалци и огорчена заради недостиг на европска солидарност, Италија ја сопре спасувачката мисија во Средоземното Море во декември. Несопирливо човечката трагедија се одвива пред очите на сите Европјани: пренатрупани бродови секој ден тонат, а илјадници бегалци се дават. Годинава досега најмалку 1800 души се сретнале со смртта или исчезнале во Средоземното Море, во споредба со 448 за истиот период минатата година. Принудени да преземат нешто, Европската унија испрати неколку бродови да помагаат за ублажување на кризата.

А после што? На оние кои ќе стигнат до копното живи, им претстои третиот чин од трагедијата - првиот чин е првата етапа од истоштувачкото бегство од родната земја, пред да стигнат до морето. Грчкиот остров Лезбос и италијанскиот Лампедуза се преполни со мигранти. Бегалците сонуваат да стигнат на север, но таму никој не ги сака.

Преку летото секојднево тоа ни станува се пореално кога добро ухранетите европски туристи ќе се истропорат на средоземните плажи. Француската полиција ги протерува мигрантите назад во Италија: десетици семејства спијат на подот на автобуската станица во Вентимила. Во Ница, мигранти без лични документи не се пуштаат да се качат на воз кон Париз. Во градот на светлината, полицијата растура импровизирани кампови на африкански мигранти, но веќе следниот ден тие повторно изникнуваат со нови дојденци.

Локалната полиција и невладините органнзации ги хранат и облекуваат, иако лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, бара да не им се дава ниту храна ниту медицинска грижа. Во градот Кале, последната станица пред каналот Ламанш, сега има „џунгла“: камп со околу три илјади мигранти кои во очај прават обиди да скокнат во камиони кои одат кон Велика Британија.

Континентот сега е дестинација број еден за мигрантите во светот. Минатата година, 626 илјади души побарале азил во Европа - тоа е пораст од 45 проценти во однос на 2013 година. (Во Севрена Америка исто има пораст од 42 проценти, но бројките се многу помали - 134,600 кандидати за азил). Овие податоци не ги одразуваат само растечките нивоа на легалната и нелегалната миграција - напливот од луѓе распали популистички и антиемигрантски чувства меѓу бирачите. Нештата уште повеќе се свртеа со намалувањето на разликите меѓу мигрантите кои избегале од војни или биле протерани и економски мигранти, кои на долгите патувања стануиваат жртви на тешки повреди на човековите права, особено во рацете на трговци со луѓе во Либија.

Исправена пред оваа брзо продлабочувачка криза, Европската унјиа реагира како и вообичаено: бавно, забавена од недостиг на заедничка политика кон миграцијата и давањето азил.

Малкумина лидери во Брисел обрнуваат внимание на обемот на масовните преселби и предизвиците кои се исправаат пред европската идентичност, пред идеалите за солидарност и споделените човечки вредности. Во мај, Европската комисија со задоцнување објави „европски дневен ред за миграцијата“ во кој побара од членките на ЕУ да си поделат по 40 илјади бегалци според претходно определни квоти. Идејата за квотите веднаш беше отфрлена од неколку земји, меѓу кои и од Франција и од некои земји од централна Европа. Сега Брисел заговара шема за населување, на основа на некакво поприемчиво решение „принцип за прераспределување“ со кои се определуваат критериумите според кои земјите треба да ги примат мигрантите.

Некои од предлозите на комисијата се позитивни чекори во правила насока, но поголемиот дел од тој план има за цел на прво место да ги спречи луѓето да влезат во ЕУ. Тој бран од луѓе не може да биде сопрен. Самата суштина на конфликтите кои беснеат во реони во северна Африка и на Блискиот исток, заедно со силната демографска динамика во Африка, значи дека миграцијата ќе остане европски проблем уште многу години натаму. Ова е вонредна ситуација која бара соодветни вонредни мерки.

Експертите знаат дека решение има, но промената на политичкиот речник за емиграцијата бара смелост и долгорочна далекувидост - квалитети кои во последно време не се појавуваат често во западните престолнини. Лидерите на државите и владите на земјите членки во ЕУ треба да се сетат на трагичниот настан на конференцијата во Евиан во јули 1938 година. Таа беше свикана од претседателот Френклин Делано Рузвелт, за да се реши ситуацијата со стотици илјади германски и австриски евреи кои очајно бара прибежиште откако Хитлер почна да ги гони. Зеид Раад ал Хусеин, претседателот на комисијата на ОН за човекови права, на крајот на мај напиша: „Конференцијата во Евиан беше катастрофа. Резултатот од неа беше јасен: Европа, Северна Америка и Австралија одбија да примат голем број од тие бегалци. Во протоколот се повторуваа два збора: „густина“ и „заситување“.

Да не се повотори таа катастрофа.