-->
-->
Евролига: Реал Мадрид во ТОП 16
-->
Кошаркарите на европскиот шампион Реал Мадрид со победата во последното (10) коло обезбедија пласман во следната рунда (ТОП 16 фаза) од Евролигата. Тие синоќа на домашен терен убедливо го совладаа Стразбур. За разлика од нив поранешниот европски шампион Макаби, го освои 5.место во својата група што не беше доволно за ТОП 16 фазата. Синоќа Макаби на гости го совлада директниот конкурент со четири разлика (70:66), но поради поразот на домашен терен од 11 разлика има послаб пласман.
За последното празно место во ТОП 16 фазата вечерва во директен дуел во Белград ќе решаваат Црвена Звезда и Баерн. Победникот ќе биде подобро пласиран.
Резултати 10.коло:
А група: Химки – Фенербахче 68:70, Реал Мадрид – Стразбург 97:65. Вечерва играат Црвена Звезда – Баерн.
Табела: Фенербахче 8-2 (победи-порази), Химки 5-5, Реал Мадрид 5-5, Црвена Звезда 4-5, Баерн 4-5, Стразбур 3-7.
Б група: Лаборал – Цедевита 92:70. Вечерва играат: Емприо Армани – Лимож и Олимпијакос – Ефес Пилсен.
Табела: Олимпијакос 8-1, Лаборал 6-4, Анадолу Ефес 5-4, Цедевита 4-6, Емприо Армани 3-6, Лимож 2-7.
Ц група: Жалгирис – Панатинаикос 72:75. Вечерва играат: Локомотив Кубан – Барселона и Зиелона Гора – Каршијака.
Табела: Локомотив Кубан 7-2, Барселона 6-3, Панатинаикос 6-4, Жалгирис 5-5, Каршијака 2-7, Зиелона Гора 2-7.
Д група: Дарушафака – Макаби 66:70, Бамберг – Динамо Сасари 86:54. Вечерва играат: Уникаха – ЦСКА Москва.
Табела: ЦСКА Москва 8-1, Уникаха 7-2, Бамберг 6-4, Дарушафака 4-6, Макаби 4-6, Динамо Сасари 0-10.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест