Кошарка
17. March 2017 - 9:45

Евролига: Реал М. „се лизна“ во Атина

Лидерот во кошаркарската Евролига тимот на Реал Мадрид загуби на гостувањето во 26.коло синоќа кај Панатинаикос со 88:82. Во изедначен натпревар екипата на „Пао“ стигна до триумф, а најефикасен на дуелот беше Крис Синглетон со 21 поен.
Резултати на синоќа одиграните дуели: Анадолу Ефес – Макаби 92:87, Панатинаикос – Реал Мадрид 88:82, Бамберг – Фенербахче 78:83 и Армани Милано – Црвена Звезда 71:78.
 
Денеска се играат четири натпревари:
Уникс – Жалгирис,
Дарушафака – Барселона,
Олимпијакос – Галатасарај,
Басконија – ЦСКА Москва.
 
Табела: ЦСКА Москва 19-6 (победи-порази), Реал Мадрид 19-7, Олимпијакос 18-7, Фенербахче 17-9, Панатинаикос 15-11, Црвена Звезда 15-11, Басконија 14-11, Анадолу Ефес 14-12, Дарушафака 12-13, Жалгирис 11-14, Барселона 10-15, Бамберг 9-17, Макаби 9-17, Галатасарај 8-17, Уникс 7-18, Армани Милано 7-19.