Еврокомесарката за проширување изрази загриженост поради немирите во српскиот парламент
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изрази загриженост за нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент вчера и повторно повика на деескалација на тензиите преку создавање услови за инклузивен дијалог со учество на сите засегнати страни.
- Многу сме загрижени поради нарушувањето на работата и насилството во српскиот парламент.
Парламентот треба да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и треба да ја исполни својата улога, рече Кос.
Таа повика на „намалување на тензиите, воспоставување услови за дијалог кој ги вклучува сите засегнати страни, вклучително и политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, за решавање на неопходните реформи за иднината на Србија во ЕУ“.
Во народното собрание на Србија вчера избија нереди и судири, откако пратениците од опозицијата фрлија димни бомби, при што беа повредени три пратенички.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска побара кривична одговорност за пратениците кои ги воведоа димните бомби.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии