Кошарка
9. September 2015 - 23:28

Евробаскет 2015: Франција не дозволи изненадување

Актуелниот европски шампион Франција не дозволи изненадување на дуелот од 4.коло и ја совлада Русија. На прагот на победа беше и Естонија во дуелот со Литванија, но сепак фаворитот постигна победа. Тешко до триумф стигна и Хрватска во дуелот со Холандија, додека Шпанија рутински го победи Исланд.

Резултати 4.коло:
А група:
БиХ - Финска 59:88
Полска - Израел 73:75
Франција - Русија 74:67
Табела: Франција 4-0 (победи - порази), Израел 3-1, Финска 2-2, Полска 2-2, БиХ 1-3, Русија 0-4.
Б група:
Србија - Турција 91:72, 
Германија - Италија 82:89 (76:76),
Шпанија - Исланд 99:73
Табела: Србија 4-0, Италија 3-1, Шпанија 2-2, Турција 2-2, Германија 1-3, Исланд 0-4.
Ц група:
Словенија - Грција 72:83,
Македонија - Грузија 75:90,
Хрватска - Холандија 78:72.
Табела: Грција 4-0, Хрватска 3-1, Словенија 2-2, Грузија 1-3, Холандија 1-3, Македонија 1-3.
Д група:
Белгија - Чешка 64:66,
Летонија - Украина 74:75,
Естонија - Литванија 62:64.
Табела: Чешка 3-1, Литванија 3-1, Белгија 2-2, Летонија 2-2, Украина 1-3, Естонија 1-3.
Утре се играат натпреварите од 5.коло по групи по што ќе бидат познати осминафиналните двојки.

Ново на Сител