Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска војна

Еврејската заедница во Република Македонија вечер во 20 часот на Малата сцена во Македонскиот народен театар ќе ја одбележи 75-годишнината од возобновувањето по Втората светска војна.
Како што најавуваат од Еврејската заедница, на сцената ќе биде претставена мултимедијална изведба „Отсјајот на Давидовата ѕвезда“ под режисерската палка на Трајко Јордановски со спој на музика, танц, глума и визуелна нарација.
Собранието за обнова на Еврејската општина по Втората светска војна е одржано на 26 декември 1944 година. За прв претседател на обновената Еврејска општина бил избран Ѓорѓи Блајер, за секретар неговата сопруга Лена, а за потпретседатели Јосип Грас и д-р Боро Варон. Со тој настан, малата група преживеани македонски Евреи го продолжи животот во Македонија.
Ново на Сител
-

„Сапорт Кочани“: Во третата распредалба донирани над три милиони денари
-

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува
-

МОН: Честит Меѓународен ден на образованието
-

Над пет килограми марихуана пронајдени во возило на кумановец
-

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат
-

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
