-->
-->
Еве ви за Сирија! - Маж со мачета рани три лица во лондонското метро
-->

Маж, вооружен со мачета, рани три лица во лондонското метро синоќа, пренесе британски „Телеграф“.
Според изданието, инцидентот се случил на станица Лејтонстоун. Лондонската полиција го уапси напаѓачот.
Според сведоците, пред нападот тој извикал: „Еве ви за Сирија!"
Велика Британија се вклучи во воздушните напади против Исламската држава во Сирија пред три дена.
Според податоците на локалните медиуми еден човек е сериозно повреден, но неговиот живот не е во опасност, а други двајца добиле лесни повреди.
ТАСС соопшти дека лондонската полиција инцидентот го истражува како терористички акт.
- Го разгледуваме како терористички акт, изјавил по телефон за дописникот на ТАСС претставник на Скотланд Јард.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
