Еве што треба да направите со садовите денеска, за да се заштитите од ѓаволот – се слави голем празник!
Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски.
Овој Атанасиј се роди во Трапезунт и живееше во десеттиот век. Крстеното име му беше Аврамиј. Рано остана сирак, па за него се грижеше некој византиски великодостојник кој подоцна го испрати во Цариград на школување. Потоа Аврамиј се подвизуваше како монах (сега со името Атанасиј) најпрвин кај познатиот Михаил Малеин, а потоа на Света Гора. Околу него наскоро се собраа голем број монаси кои ја изградија лаврата Свети Атанасиј Атонски, или Великата лавра. Заради големата чистота на срцето Бог му даде на свети Атанасиј дар да чудотвори. Се упокои во 980 година.
За време на својот живот стекнал многу следбеници. Во овие кравеи Свети Атанасиј се смета за заштитник од непогоди и бури. Останала приказната дека ѓаволот се обидувал да го искуша овој монах претварајќи се во убава девојка, мамејќи го да се откаже од Бога.Свети Атанасиј ја презрел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже моќта влегувајќи во ќуп. Таа тогаш скокнала во ќупот, а тој го затворил и го пуштил низ вода, додека по многу години не го нашле рибари и го отвориле. Така ѓаволот повторно бил слободен да шета по светот.
Токму затоа старите велат дека штом загрми, ѓаволот помислува дека иде Свети Атанасиј, се плаши и скока во садови. Токму затоа многу е важно на денешниот ден сите садови да бидат цврсто затворени.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка