Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во охридско-преспанскиот регион утре повторно во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе биде околу 18, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во дојранскиот регион ќе биде сончево со температура до 38 степени.
Во недела во поголем дел од земјава ќе биде сончево и топло, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени.
Ново на Сител
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
