Еве какво време не очекува од утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најпрвин врнежите ќе започнат во северозападните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошируваат кон исток. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон понеделник, особено во југоисточните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.
Ново на Сител
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
-

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива
-

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ
-

Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути
