Еве како ве лажат со дојави на Фејсбук и форуми


Откако и последниот ќе ја добиe погрешната "дојава", тргнуваат во барање на нови жртви
Преварантите повторно ги делат луѓето во три групи, па во четвртиот круг останува само еден од 30 луѓе кои биле на почетокот. Тој еден, по три добивки овој пат поскапо ќе ја плати дојавата, а со тоа и ќе вложи повеќе пари на нејзе. Откако и тој ќе промаши, преварантите го затвораат "кругот", ја исклучуваат фејсбук страната на Фејсбук, па тргнуваат во лов на други 30 луѓе од нов профил.
"Неделно заработував по 300 евра"
"Мојата тактика беше: Да направам фејсбук страница на која давам поклон нови мобилни телефони по случаен избор, на оние кои ја споделиле страната и го лајкнале коментарот. Награда, односно телефон не давам на никој, а кога страницата собра повеќе луѓе и стана популарна не ми беше тешко да пронајдам дневно по десетина луѓе кои треба да ги уверам дека имам дојава. Тројца би добиле точен резултат, со тоа што подоцна би ми испратиле по 20 евра за следната дојава, а потоа ќе ги блокирам и со останатите администратори на страницата ќе ги избришеме нивните незадоволни коментари", открива еден од оние преваранти, вели заработувал по околу 300 евра од кој дел трошел за плаќање на реклами на Фејсбук.
Запрашајте се зошто би ви дале дојава!
Ако некогаш ви понудат дојава, доволно е само да го вклучите мозокот и да се запрашате зошто некој би ви го кажал натпреварот на интернет наместо да отиде во кладилница, да вложи пари, и сам да си ја заврши работата осигурувајќи и заработувајќи добра сума на пари.
Ново на Сител
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
