Живот
26. May 2016 - 17:13

Еве како изгледа борба за партнерка на најсмртоносните змии на светот!

Националниот парк "Пиланесберг" во Јужноафриканската Република е едно од живеалиштата на црните мамби, коишто според мислењето на многумина, се најсмртоносни змии на планетата.

Но, особено е интересно да се види како изгледа нивната борба за женка. Се работи за уникатен танц на две змии којшто се состои од обвиткување на телата во плетенка, сè додека едната од нив не се откаже...

Кенет Криско од Природнонаучниот музеј на Флорида за National Geographic вели дека змиите не се обидуваат да се повредат или убијат, туку единствено само се борат за право на парење.

Тоа најдобро се гледа и од фактот дека тие понекогаш знаат и да се гризнат, но никогаш не вбризгуваат отров.