Еве ја реакцијата на Роналдо и Буфон по вчерашниот натпревар во Лигата на шампиони
За средбата на фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон после натпреварот, долго време ќе се зборува.
Јувентус беше на чекор до сензација на Сантиаго Бернабе. После 0:3 на свој терен, италијанскиот велика стигна до 0:3 во Мадрид и баш кога се мислеше дека мечот ќе замине во продолженија, судијата Оливер свиреше пенал за домаќините. Буфон поради вербален напад кон судијата беше исклучен, а Роналдо го реализираше пеналот во судиското продолжение и така го однесе Реал во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Доста бура предизвикаа изјавите на играчите по натпреварот. Роналдо ги разбесни фановите на Јувентус кога кажа дека не му е јасно зошто избраниците на Алегри се бунат кога пеналот бил чист како солза.
-Јувентус одигра одлично, Буфон бранеше одлично, но не разбирам зошто се бунат. Беше чист пенал, а и да не беше, би бил гол, кажа Буфон после мечот.
Легендарниот Буфон жестоко го навреди Оливер. Додека побеснетиот голман на Јувентус зборуваше се најлошо за Англичанецот, покрај него помина Кристијано Роналдо… Нивната средба ги воодушеви фановите ширум светот.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден