-->
-->
Евакуација на затвореници од германски затвор во распаѓање
-->
Вкупно 515 затвореници денеска беа евакуирани од затвор во западниот дел на Германија, откако вчера градежни експерти предупредиле дека е прашање на време кога затворската зграда ќе се урне.
Затворениците од казнено поправната установа во градот Минстер се префрлаат со автобуси во други блиски градови каде што ќе продолжат со издржување на затворските казни.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, минстерскиот затвор е еден од најстарите во Германија, изграден е во 1856 година,
Според директорот на затворот Карстен Хајм, со оглед на опасноста по безбедноста на затворениците и вработените преместувањето било неопходно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид