Ракомет
16. August 2020 - 23:59

Еурофарм Пелистер го освои трофејот на струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер е победник на на традиционалниот ракометенр турнир во Струга. 
 
Во финалниот меч на 48-то издание на овој турнир битолскиот тим го совлада актуелниот европски првак Вардар со 26-23. 
 
Со оваа победа Еурофарм Пелистер најавува интересна сезона не само во домашното македонско првенство туку и во регионалната СЕХА лига, во која заедно со Вардар ќе бидат македонските преставници. 
 
Со триумфот битолската екипа сега се израмни со Вардар по бројот на освоени пехари на турнирот во Струга, па двете екипи сега имаат по 12 трофеи.
 
Инаку, третото место на турнирот очекувано го освои Металург кој во малото финале го совлада Охрид со 31-25.