ЕУРО-ФАРМ потпиша договор за набавка на 50 медицински кревети за Инфективната клиника

Во време на големата светска пандемија од коронавирусот и сите предизвици кои ги носи борбата против Ковид 19, менаџментот и вработените во ЕУРО-ФАРМ секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на Република Македонија.
Од почетокот на кризата до денес, успеавме да одговориме на сите предизвици со максимална ангажираност на сите вработени. Најголем дел од нас, вработените во Еурофарм сме на првата линија на справување со пандемијата. Успеавме да ги одржиме активни сите постојни капацитети и да овозможиме непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во нашата дражава.
Во овие тешки времиња за сите нас, обезбедувањето на секаков вид на помош за здравствениот систем, здравствените работници и пациентите се приоритет на целото општество. Водени од тоа, во изминатиов период се вклучивме и во помагање на здравствениот систем кој се справува со големи предизвици. Со наши донации вклучени сме во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за сите наши сограѓани и лица кои се наоѓаат во објектите кои се именувани како Државни карантини. Исто така, во досегашниот период обезбедивме и неколку помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во нашата земја.
Денес, нашата компанија потпиша и договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа, како и желба и повик за истрајност до сите македонски граѓани заедно да го надминеме и победиме Ковид 19.
Ние и во натамошниот период ќе останеме максимално посветени во справување со оваа тешка здравствена грижа и ќе се трудиме целосно да ги одржиме во функција сите наши капацитети.
Ние постоиме за да грижиме за вашето здравје!
Ново на Сител
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
-

Притвор за лице од тетовско, му пронашле торба со марихуана
-

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава
-

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност
-

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење и историја, кој се пренесува и ја отсликува силата и истрајноста на народот
-

Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
