-->
-->
ЕУРО 2016: Стартува нокаут фазата
-->

По два слободни дена, со натпреварот Швајцарија – Полска попладнево стартуваат елиминациските натпревари на Европското фудбалско првенство што се игра во Франција. Средбата ќе почне во 15 часот во градот Сент-Етиен.
„Островскиот“ дуел меѓу Велс и Северна Ирска е закажан за 18 часот на „Паркот на Принцовите“ во Париз. Според прикажаното во групната фаза, Велшаните се големи фаворити за пласман во четвртфиналето.
Во последниот денешен дуел, патникот меѓу осумте најдобри на ЕУРО 2016 ќе се решава меѓу селекциите на Хрватска и на Португалија. Овој натпревар стартува од 21 часот во Ленс.
Двојки за денешните осминафиналните дуели на ЕУРО 2016:
15 часот: Швајцарија – Полска
18 часот: Велс – Северна Ирска
21 часот: Хрватска Португалија.
Другите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат утре и в понеделник. Двојките се:
Недела
15 часот: Франција – Република Ирска,
18 часот:Германија – Словачка,
21 часот:Унгарија – Белгија,
Понеделник
18 часот:Италија – Шпанија и
21 часот:Англија – Исланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
