-->
-->
ЕУРО 2016: Франција обезбеди осминафинале
-->
Репрезентацијата на Франција е првата која обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство. Домаќинот на шампионатот синоќа на „Велодром“ во Марсеј во рамките на дуелот од 2.коло од групата А ја победи Албанија со 2:0. Двата гола беа постигнати во финишот на дуелот. Најпрвин резервистот Антоан Гризман во 90.минута донесе водство до 1:0, а потоа во 90+6 минута конечните 2:0 ги постави Димитри Пајет што за него беше втор гол на првенството.
Во првиот натпревар од групата одигра вчера Романија и Швајцарија одиграа нерешено 1:1. Франција е прва во групата со 6 бодови, Швајцарија има 4, Романија 1, а Албанија е без бод.
Во рамките од Б групата вчера Словачка ја победи Русија со 2:1, а денеска од 15 часот играат Англија и Велс. Покрај овој натпревар се играат и дуелите од Ц групата Украина – Северна Ирска (почеток 18 часот) и Германија – Полска (почеток 21 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули