ЕУ: Турскиот одговор на тероризмот мора да биде соодветен

Европската унија денеска ја повика Турција на соодветен начин да одговори на тероризмот за да не се загрози кревкиот мировен процес со курдските бунтовници, пренесува Танјуг.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на турскиот министер за евроинтеграции Волкан Бозкир му кажал дека Анкара „има право да спречи и да реагира на секој облик на тероризам“, се наведува во соопштението на Европската комисија.
- Одговорот, меѓутоа, мора да биде сразмерен, насочен и на ниту еден начин да не го загрози демократскиот политички дијалог, истакна Хан.
Европскиот блок ја признава посветеноста на турските власти во засилувањето на борбата против Исламска држава и ја истакнува силната поддршка на ЕУ кон овие напори, рече уште Хан.
„Истовремено, комесарот ја изрази длабоката загриженост на ЕУ заради неодамнешните случувања што можат да имаат негативно влијание на курдско-турскиот мировен процес“, се наведува во соопштението.
ЕУ од Турција „ очекува да ја исполни својата важна и стратешка улога во регионот, со воздржување од какви било акции што можат дополнително да го дестабилизаат, наведе Хан.
Турција кон крајот на јуни првпат ги бомбардираше позициите на ИД во Сирија, а турските авиони, исто така, ги гаѓаа позициите на Курдската работничка партија (ПКК) во Ирак.
Најмалку 30 лица беа убиени во нападите на ПКК во изминатите 10 дена во Турција, од кои повеќето беа војници.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
