ЕУ сака до 2030 година двојно да ја намали употребата на пестициди
Европската комисија планира двојно да ја намали употребата на хемиски пестициди до 2030 година, за да се запре падот на запрашувачите, што е план што најверојатно ќе предизвика критики од оние кои бараат целосно исфрлање на хемиските материи, но и од земјоделците кои тврдат дека ќе дојде до пропаѓање на земјоделските култури.
ЕК сака да ја задолжи ЕУ да ја преполови употребата на хемиски и „високоризични“ пестициди до 2030 година, се наведува во нацрт-документот, што треба да биде објавен на 20 мај, а до кој дојдоа британските медиуми. Во него, сепак, не е објаснето што значи висок ризик и како ќе се спроведе намалувањето.
Комисијата одби да коментира необјавени работни документи и кои се предмет на измени се до моментот на усвојување.
Планот на Комисијата да го направи земјоделството поодржливо, што исто така треба да се донесе на 20 мај, може да го објасни овој документ подетално.
Пчеларите во Западна Европа јавуваат за пад на бројот на пчели и загуби во пчелните колонии во текот на изминатите 15 години, објави Европската Агенција за безбедност на храната. Таа предупредува дека овој тренд се заканува на 76 проценти од производството на храна во Европа, што зависи од запрашувањето.
Со нацрт-предлогот, исто така, се предвидува во ЕУ до 2030 година да се засадат три милијарди дрва, за да се помогне во апсорпцијата на јаглерод диоксид од атмосферата и да се направат градови позелени.
Ново на Сител
-

Трамп ќе нареди објавување на сите владини документи за вонземски живот
-

Укината забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка
-

45 евра казна ако поминете на зелено но останете заглавени сред кстосница
-

Мицкоски: Реализиран проектот за реконструкција на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Пеленица
-

Трамп: Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е лошо за британското кралско семејство
-

Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени
-

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија
-

Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
