ЕУ разгледува нови санкиции, па и нафтено ембарго кон Москва
Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина.
Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва.
ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на Руската централна банка.
„Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се могу нови имиња“, изјави висок дипломат на ЕУ кој инсистирал на анонимност. Како што е најавено, владите на ЕУ денеска ги почнуваат констулациите на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да допатува во Брисел што е предвидено за в четврток, кога е закажан самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ во формат на Г-7 групата што ја вклучува и Јапонија.
Дипломати изјавуваат дека балтичките членки бараат ембагро на нафта како следен логичен чекор, додека Германија предупредува оти не треба да се дејстува пребрзо поради и онака високите цени на енергенсите во Европа. Москва предупреди дека санкциите на ЕУ за руската нафта може да доведат до затворање на големиот гасовод кон Европа, во услови кога земјите од ЕУ и до 40 отсто од потребите за гас ги обезбедуваат токму од Русија.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење