ЕУ повика ги повика странските сили и платениците да си заминат од Либија
Европската унија ги повика сите странски сили и платеници да си заминат од Либија, истакнувајќи дека тоа е предуслов за враќање на стабилноста во земјата разурната од војна.
Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел на прес-конференцијата во либискиот главен град Триполи, го опиша назначувањето преодна влада на почетокот на оваа година како „историски момент“.
Владата треба да ја води земјата до општите избори закажани на 24 декември.
– Создадовте можност да ја обновите својата земја, но има еден предуслов – сите странски борци и војници мора да ја напуштат земјата, рече Мишел, повикувајќи ги либиските политички и главно вооружени фракции да ја искористат „единствената можност за градење на обединета, суверена, стабилна и просперитетна земја“.
Мишел, кој се состана со лидерите на новоназначената влада, рече дека ЕУ ги поддржува напорите за национално помирување.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости