ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија

Земјите-членки на Европска Унија денеска и формално го одобрија заемот за Украина од 90 милијарди евра и 20-иот пакет санкции против Русија, соопшти кипарското претседателство.
И двете одлуки на ЕУ досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, оправдувајќи го своето вето со наводното доцнење на Украина во поправката на нафтоводот „Дружба“, кој ја снабдува Унгарија со руска нафта. „Дружба“ беше оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови.
Украина пред два дена соопшти дека нафтоводот „Дружба“ е поправен, а Унгарија и Словачка денеска соопштија дека повторно добиваат руска нафта.
Две третини од заемот или 60 милијарди, се наменети за воена помош, а 30 милијарди за поддршка на украинскиот буџет за да се обезбеди континуирано функционирање на државата и основните јавни услуги.
Украина треба да ги користи овие средства за купување оружје и опрема произведено во ЕУ, а надвор од тоа само ако не се достапни во Европа.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев првата транша од кредитот ќе ја добие во мај или почетокот на јуни.
Во пакетот санкции вклучена е забрана за поморски услуги за руската нафта, која ќе се спроведува во целосна координација со Г7 и Коалицијата за ограничување на цените.
Со новиот пакет санкционирани се 60 физички и правни лица кои го поддржуваат рускиот воен и индустриски комплекс во агресијата против Украина. На списокот додадени се 20 кредитни или финансиски институции на кои се применува забраната за трансакции.
МИА
Ново на Сител
-

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
-

Виш обвинител од Битола под истрага за незаконско влијание врз обвинители и судии
-

МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027
-

МПЦ-ОА против кратење на верските празници: Тие се вековна врска меѓу народот и Црквата, а не само неработни денови
-

Политико: Европските престолнини се подготвуваат за можен хибриден напад со жртви
